Турските одбојкарки на Олимписките игри Токио 2020 го победија последниот олимписки шампион Кина

Турските одбојкарки на првиот одигран меч на Олимписките игри Токио 2020 извојуваа убедлива победа над последниот олимписки шампион Кина со резултат од 3:0 во сетови

1679795
Турските одбојкарки на Олимписките игри Токио 2020 го победија последниот олимписки шампион Кина

Турската женска одбојкарска репрезентација на првиот одигран натпревар во Групата „Б“ на Олимписките игри Токио 2020 со убедлива игра што ја започнаа од почетокот до крајот на мечот го победија последниот олимписки шампион Кина со резултат од 3:0 во сетови.

Кај турските одбојкарки најпрецизна беше Ебрат Каракурт која постигна 18 поени стана ѕвезда на мечот, а по неја голема улога во извојуваната победа одиграа Еда Ердем Дундар со 13 поени, Зехра Ѓунеш 11, Ханде Баладин 10, Мелиха Исмаилоглу и Џансу Озбај 3 постигнати поени.

Турските одбојкарки вториот натпревар на Олимписките игри Токио 2020 ќе го одиграат на 27 јули во вторник против Италија.

Натпреварот ќе се одигра во 10:25 часот по турско време.

 



Слични вести