Претседателот Ердоган им честита на турските одбојкарки за победата над Кина на ОИ Токио 2020

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со капетанот на турската женска одбојкарска репрезентација Еда Ердем Дундар на која и честита за извојуваната победа над последниот олимписки шампион Кина на Олимписките игри Токио 2020

1679798
Претседателот Ердоган им честита на турските одбојкарки за победата над Кина на ОИ Токио 2020

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на турската женска одбојкарска репрезентација која на првиот одигран натпревар на Олимписките игри Токио 2020 го победи последниот олимписки шампион Кина со убедлив резултат од 2:0 во сетови.

Претседателот Ердоган со посредство на министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу кој по повод Олимписките игри се наоѓа во главниот град на Јапониј, Токио и ги следи настапите на турските спортисти, разговараше телефонски со капетанот на турската одбојкарска репрезентација Ерде Ердем Дундар. 

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор на капетанот Еда и го рече следното: „Овозможивте да бидеме исполнети со емотивни чувства. Мечот го гледав уште од првиот сет. Ја испраќам мојата љубов до сите наши ќерки. Во вторник ќе се обидам да го гледам и мечот со Италија.“

Турската женска одбојкарска репрезентација на првиот одигран натпревар во Групата „Б“ на Олимписките игри Токио 2020 го победи последниот олимписки шампион Кина со убедлив резултат од 3:0 во сетови и направи добар почетокот на игрите.

Мечот што ќе го одиграат турските одбојкарки на 27 јули во вторник против Италија ќе започне во 10:25 часот по турско време.



Слични вести