Истанбул стана трансфер центар за спортските екипи кои заминуваат за Олимписките игри Токио 2020

Досега спортистите од повеќе од 20 земји, а пред се од Белорусија, Бразил, Србија, Туркменистан, Малта, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина и Мароко со авиони на Турската авиокоманија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) преку Истанбул пристигнаа во Токио

1677202
Истанбул стана трансфер центар за спортските екипи кои заминуваат за Олимписките игри Токио 2020

Пред само неколку дена од стартот на Олимписките игри Токио 2020 на 23 јули спортските екипи од различни земји продолжуваат да заминуваат за Јапонија со поврзувачки, односно трансфер летови преку Истанбул.

На тој начин Истанбул стана трансфер центар за спортистите и екипите од различни земји.

Досега спортистите од повеќе од 20 земји, а пред се од Белорусија, Бразил, Србија, Туркменистан, Малта, Албанија, Словенија, Босна и Херцеговина и Мароко со авиони на Турската авиокоманија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) преку Истанбул пристигнаа во Токио.

Освен спортистите и тренарите и новинарите кои ќе учествуваат на Олимписките игри Токио 2020 на аеродромот Ханеда по строга контрола влегоа во Токио.

Учесниците на олимпијадите по 2,5 часовна контрола и добиените негативни тестови за новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги добија своите акредитации.



Слични вести