Турција го критикуваше третманот на Грција против фудбалскиот тим Галатасарај

Грчкиот пречек на еден од водечките тимови на нашата земја со ваков став уште еднаш ја покажува нејзината нетолеранција кон нашата земја, дури и во областа на спортот

1674466
Турција го критикуваше третманот на Грција против фудбалскиот тим Галатасарај

Турција го критикуваше третманот против фудбалскиот тим Галатасарај, кој замина во Атина да одигра пријателски натпревар со грчкиот фудбалски тим Олимпијакос.

Писмен одговор на прашањето во врска со темата даде пртпаролот на Министерството за надворешни работи, амбасадорот Танжу Билгич кој рече дека фудбалскиот тим Галатасарај, на 13 јули вечерта замина за Атина да одигра посебен натпревар со грчкиот тим Олимпијакос.

„Неетично е повторно барање на ПЦР тестови кои претходно беа извршени од нашата група и чии резултати беа негативни, а не се сметаа за валидни и бараа целиот тим повторно да се тестира“.

Билгич изјави дека по овој произволен пристап и лошо постапување, фудбалската кипа на  Галатасарај се врати во Турција без да оствари влез во Грција.

„Грчкиот пречек на еден од водечките тимови на нашата земја со ваков став уште еднаш ја покажува нејзината нетолеранција кон нашата земја, дури и во областа на спортот“.

Фудбалскиот тим на Галатасарај кој замина во Грција на пријателски натпревар со Олимпијакос,  како одговор на одбивањето на грчките власти да ги прифатат тестовите за нов вид коронавирус (Ковид-19) и нивното грубо однесување, одлучи да се врати дома.



Слични вести