Турција со освоени вкупно 15 медали го освои второто место на јуниорското ЕП во пливање во Рим

На првенството златни медали освоија Батухан Филиз (400 м слободно), Берке Сака (200 м мешано), Мерт Килавуз (1.500 м слободно), Мерве Тунџел 3 златни метали (800 м слободно, 1.500 м слободно, 400 м слободно), Јигит Аслан (800 м слободно)

1674074
Турција со освоени вкупно 15 медали го освои второто место на јуниорското ЕП во пливање во Рим

Турција на Европското јуниорско првенство во пливање што се одржа во Рим, главниот град на Италија, освои вкупно 15 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 3 бронзени, со што го освои второто место во екипна конкуренција.

На првенството златни медали освоија турските пливачи репрезентативци Батухан Филиз (400 метри слободно), Берке Сака (200 метри мешано), Мерт Килавуз (1.500 метри слободно), Мерве Тунџел 3 златни метали (800 метри слободно, 1.500 метри слободно, 400 метри слободно), Јигит Аслан (800 метри слободно). 

Сребрени медали освоија Берил Боџеклер (800 метри слободно), Берке Сака (200 метри грбно), Дебниз Ертан 2 сребрени медали (400 метри мешано, 1.500 метри слободно) и Мерт Килавуз (800 метри слободно).

Бронзени медали пак, освоија Берил Боџеклер (200 метри слободно), Јигит Аслан (1.500 метри слободно) и штафетната екипа 4Х200 метри слободно.

На тој начин, турските пливачи репрезентативци Европското јуниорско првенство во пливање што се одржа во Рим, главниот град на Италија, го завршија со вкупно освоени 15 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 3 бронзени.

Првото место на првенството го освои Русија со вкупно освоени 26 медали од кои 11 златни, 9 сребрени и 6 бронзени, а на третото место се наоѓа Полска со вкупно 12 медали од кои 5 златни, 3 сребрени и 4 бронзени.



Слични вести