Турските борачки на Европското јуниорско првенство во борење во Дортмун, Германија освоија 3 медали

Турската борачка репрезентативка Мелиса Саритач во категоријата до 76 килограми освои златен медал и стана европска шампионка

1668448
Турските борачки на Европското јуниорско првенство во борење во Дортмун, Германија освоија 3 медали

Турските борачки на Европското првенство за јуниори во борење во Дортмунд, Германија, освоија 3 медали од кои 1 златен и 2 бронзени.

Турската борачка репрезентативка Мелиса Саритач во категоријата до 76 килограми во финалето ја победи својата полска противничка Даинела Ткачук со резултат од 11:0 со туш и освојувајќи го првото место стана европска шампионка и се закити со златен медал.

Една друга турска борачка Мелда Дернекчи во категоријата до 55 килограми за третото место играше против белоруската борачка Викторија Волк и ја победи со резултат од 12:1 со туш со што го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Зехра Демирхан во категоријата до 50 килограми на репесаж мечот најпрвин ја победи Молдовјанката Мариа леорда со резултат од 10:0, а потоа и Белорусинката наталија Варакина со резултат од 5:0 и исто така освои бронзен медал.



Слични вести