Турскиот борач Полат Полатчи освои златен медал на Европското јуниорско првенство во борење

Турскиот борач репрезентативец во категоријата до 97 килограми Полат Полатчи во финалето на кое излезе против својот руски противник Али Могамед Алиев губеше со резултат од 13:6, но успеа да го тушира својот противник и стана европски шампион

1667302
Турскиот борач Полат Полатчи освои златен медал на Европското јуниорско првенство во борење

Турскиот борач во категоријата до 97 килограми слободен стил Полат Полатчи на Европското првенство за јуниори во борење коешто продолжува во Дортмунд, Германија, го освои првото место и се закити со златен медал.

Турскиот борач репрезентативец Полат Полатчи во финалето на кое излезе против својот руски противник Али Могамед Алиев губеше со резултат од 13:6, но успеа да го тушира својот противник и стана европски шампион.

Турскиот борач во категоријата до 70 килограми  Мевлут Оздемир го победи својот српски противник Виктор Воиновиќ кој дојде од репесажа со резултат од 8:4 и освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал.

Турскиот борач репрезентативец во категоријата до 79 килограми Исмаил Ќучуксолак пак го победи својот азербејџански противник Сабухи Амирасланов со резултат од 7:6.

Исмаил Ќучуксолак потоа додека водеше против својот грузиски противник Отари Адеишвили со резултат од 10:7 победи со туш и освои бронзен медал.

На тој начин турските борачи репрезентативци на Европското првенство за јуниори во борење коешто продолжува во Дортмунд, Германија, досега освоија 1 златен и 2 бронзени медали.

 



Слични вести