Џунејт Чакир судија кој водеше најмногу натпревари во историјата на европските првенства

Турскиот судија на ФИФА Џунејт Чакир со натпреварот Хрватска-Шпанија на којшто ја делеше правдата премина во историјата стана судија кој водеше најголем број натпревари во историјата на европските првенства

1666792
Џунејт Чакир судија кој водеше најмногу натпревари во историјата на европските првенства

Турскиот судија Џунејт Чакир кој го водеше мечот во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) што се одигра помеѓу Шпанија и Хрватска, стана судија кој водеше најголем број натпревари во историјата на европските првенства.

Во објавеното соопштение од Фудбалската федерација на Турција се истакнува дека Џунејт Чакир со натпреварот Хрватска-Шпанија на којшто ја делеше правдата премина во историјата.

Во соопштението се вели дека Џунејт Чакир на европските фудбалски првенства ЕВРО 2012, ЕВРО 2016 и ЕВРО 2020 судеше на вкупно 9 одиграни натпревари.

Како што се истакнува турскиот судија на ФИФА Џунејт Чакир ја делеше правдата на приближно 200 меѓународни натпревари од кои 56 на ниво на репрезентации.

Освен тоа, Џунејт Чакир беше четврти судија на финалниот натпревар на ЕВРО 2021 помеѓу Шпанија и Италија и на групниот натпревар на ЕВРО 2020 помеѓу Англија и Шкотска.

Натпревари кои што ги водеше Џунејт Чакир на досегашните Европски првенства се:

ЕВРО 2020:

Унгарија-Португалија (групен натпревар)

Украина-Австрија (групен натпревар)

Хрватска-Шпанија (осминафинале)

ЕУРО 2016:

Португалија-Исланд (групен натпревар)

Белгија-Ирска (групен натпревар)

Италија-Шпанија (осминафинале)

ЕУРО 2012:

Украина-Шведска (групен натпревар)

Италија-Ирска (групен натпревар)

Португалија-Шпанија (полуфинале)

 



Слични вести