Турција на ЕП 2020 изгуби од Велс со 2:0

Турција по доживеаниот пораз на првиот натпревар со Италија со 3:0, изгуби и на синоќешниот втор натпревар на Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕВРО 2020) против Велс со резултат од 2:0

1659748
Турција на ЕП 2020 изгуби од Велс со 2:0

Турската фудбалска репрезентација на вториот натпревар во Групата „А“ на Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕВРО 2020) синоќа играше против Велс.

Турција по доживеаниот пораз на првиот натпревар со Италија со 3:0, изгуби и на синоќешниот втор натпревар на првенството против Велс со резултат од 2:0.

Првото полувреме на натпреварот што се одигра на Олимпискиот стадион во главниот град на Азербејџан, Баку, заврши со водство на Велс од 1:0 .

Во второто полувреме на одиграните редовни 90 минути од мечот и двете екипи не можеа да постигнат гол, по што во 90+5. минута пристигна и вториот гол за Велс и натпреварот заврши со 2:0.

На тој начин, Турција која изгуби и на првиот натпревар со Италија со резултат од 3:0, го изгуби и синоќешниот втор натпревар на првенството против Велс со резултат од 2:0.

Велс пак со извојуваната победа бројот на своите поени во Групата „А“ го зголеми на 4.

Трската фудбалска репрезентација третиот и последен натпревар во својата Група „А“ на Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕВРО 2020) ќе го одигра на 20 јуни, во недела вечер против Швајцарија, исто така на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.

Велс пак, на Олимпискиот стадион во Рим ќе игра против Италија

Синоќешниот натпревар помеѓу Турција и Велс на Олимпискиот стадион во главниот град на Азербејџан, Баку, а го следеше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган кој престојуваше во посета на Азербејџан, ја бодреше турската фудбалска репрезентација од трибините.

Претседателот Ердоган натпреварот го следеше заедно со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и претседателот на УЕФА Александер Џеферин.

 



Слични вести