Утре турската фудбалска репрезентација ќе игра против репрезентацијата на Велс

Натпреварот ќе се пренесува во живо на ТРТ 1

1658664
Утре турската фудбалска репрезентација ќе игра против репрезентацијата на Велс

 

Утре турската фудбалска репрезентација во рамките на квалификационите натпревари во групата А на Европското фудбалско првенство 2020 година (ЕУРО 2020), вториот натпревар ќе го одигра против Велс.

Главен судија на утрешниот натпревар меѓу Турција и Велс кој ќе започне во 19.00 часот по турско време на Олимпискиот стадион во Баку, главниот град на Азербејџан ќе биде португалскиот судија Артур Диас. Натпреварот ќе се пренесува во живо на ТРТ 1.

На другиот натпревар на денот во групата А, на Римскиот олимписки стадион во 22.00 часот по средноевропско време ќе играат репрезентациите на Италија и Швајцарија.

Пред вторите натпревари во групата води Италија со 3 бода, додека Велс и Швајцарија имаат по 1 бод. Турција нема поени.

Турската фудбалска репрезентација последниот натпревар во групата А ќе го одигра против Швајцарија на 20 јуни во 19.00 часот на Олимпискиот стадион во Баку.

Турската фудбалска репрезентација на првиот воведен натпверар во групата на ЕУРО 2020 беше поразен од Италија со 3:0.



Слични вести