На отворањето на ЕВРО 2020 Турција поразена од Италија со 3:0

На првиот одигран натпревар на отворањето на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2020) во Групата „А“ Турција изгуби од Италија со резултат од 3:0

1656512
На отворањето на ЕВРО 2020 Турција поразена од Италија со 3:0

На првиот одигран натпревар на отворањето на Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) Италија ја победи Турција со резултат 3:0.

Натпреварот во Групата „А“ на ЕВРО 2020 се одигра на Олимпискиот стадион во Рим.

Првото полувреме заврши нерешено без голови 0:0, додека во второто полувреме во 52. минута Италија започна атак од десното крило со што шутот на Берарди се одби од градите на турскиот фудбалер Мерих Демирал и топката заврши во мрежата на Турција.

Со овој гол Италија премина во водство од 1:0.

Во 66. минута Италија со голот на Имобиле го сведе резултатот на 2:0, а во 79. минута пристигна голот на Инсиње со што беше поставен и конечниот резултат на натпреварот од 3:0.

Италија со оваа извојувана победа првенството го започна со освојување на 3 поени, додека Турција на можеше да освои поен на првиот одигран натпревар во Групата „А“.

Турција останатите два натпревари во групата ќе ги одигра во главниот град на Азербејџан, Баку.

Турција најпрвин на 16 јуни ќе игра против Велс, а потоа на 20 јуни против Швајцарија.



Слични вести