Турската боксерка Бусеназ Сурменели освои златен медал на турнирот во Париз

Турската боксерка репрезентативка Бусеназ Сурменели во финалето во категоријата до 69 килограми на натпреварите за квота од Европа за Олимписките игри 2020 во Токио, во главниот град на Франција, Париз, освои златен медал

1654577
Турската боксерка Бусеназ Сурменели освои златен медал на турнирот во Париз

Турската боксерка репрезентативка Бусеназ Сурменели во финалето во категоријата до 69 килограми на натпреварите за квота од Европа за Олимписките игри 2020 во Токио коишто се одржаа во главниот град на Франција, Париз, го освои првото место и се закити со златен медал.

Според објавеното соопштение од Боксерската федерација на Турција, турската боксерка репрезентативка Бусеназ Сурменели во финалето во категоријата до 69 килограми ја победи својата германска противничка Надине Апетз и освои златен медал.

Бусеназ Сурменели пласирајќи се во финалето на турнирот ја исполни квотата за Олимписките игри 2020 во Токио коишто ќе се одржат од 23 јули до 3 август 2021 година.

 



Слични вести