Турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу освои златен медал во Париз

Турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу во финалето во категоријата до 51 килограм на натпреварите за квота од Европа за Олимписките игри 2020 во Токио, во главниот град на Франција, Париз, освои златен медал

1654266
Турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу освои златен медал во Париз

Турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу во финалето во категоријата до 51 килограм на натпреварите за квота од Европа за Олимписките игри 2020 во Токио коишто се одржаа во главниот град на Франција, Париз, го освои првото место и се закити со златен медал.

Според објавеното соопштение од Боксерската федерација на Турција, турската боксерка репрезентативка Бусе Наз Чакироглу во финалето во категоријата до 51 килограм ја победи својата англиска противничка Чарли-Шајн Дејвисон и освои златен медал.

Бусе Наз Чакироглу пласирајќи се во финалето на турнирот ја исполни квотата за Олимписките игри 2020 во Токио коишто ќе се одржат од 23 јули до 3 август 2021 година.



Слични вести