Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз стана европски шампион

Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз на Европското отворено првенство коешто продолжува во Анталија и на турнирот за континентална квота на Олимписките игри 2020 Токио освои златен медал и стана европски шампион

1652085
Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз стана европски шампион
Milli Okçu Mete Gazoz Avrupa Şampiyonu.jpg

Турскиот стрелач репрезентативец Мете Газоз на Европското отворено првенство коешто продолжува во Анталија и на турнирот за континентална квота на Олимписките игри 2020 Токио освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана европски шампион. 

На турнирот на кој учествуваат 279 спортисти од 40 земји репрезентативецот стрелач Мете Газоз во финалето во класична стрела за мажи го победи својот француски противник Жан- Шарл Валадонт со убедливи 6:0 и стана европски шампион. 

Од друга страна, турските стрелачки репрезентативки Јасемин Еџем Анаѓоз и Ѓулназ Бушранур Џошкун на Европското отворено првенство во стрелање коешто продолжува во Анталија се пласираа во четвртфиналето и се стекнаа со квота за олимписките игри во поединечна конкуренција.

 



Слични вести