Турција на СП во кревање тегови за јуниори во Ташкент-Узбекистан освои вкупно 18 медали

Турција на СП во кревање тегови за јуниори во Ташкент-Узбекистан учествуваше со вкупно 21 спортист од кои 10 во машка и 11 во женска конкуренција, кои освоија вкупно 18 медали од кои 6 златни, 6 сребрени и 6 бронзени

1649186
Турција на СП во кревање тегови за јуниори во Ташкент-Узбекистан освои вкупно 18 медали

Турција на Светското првенство во кревање тегови за јуниори што се одржа во главниот град на Узбекистан, Ташкент, освои вкупно 18 медали, додека женската репрезентација со освоени вкушно 672 поени по изминати 17 години го освои првото место на првенството.

Турција на првенството во Ташкент учествуваше со вкупно 21 спортист од кои 10 во машка и 11 во женска конкуренција, кои освоија вкупно 18 медали од кои 6 златни, 6 сребрени и 6 бронзени.

Женската репрезентација на Турција во кревање тегови по изминати 17 години повторно го освои првото место со освоени 672 поени, на второ место е Русија со 608 поени, а на трето место САД со освоени 594 поени.

Во женска конкуренција Џансу Бекташ освои 3 златни медали, Мелиса Ѓунеш 2 златни медали и еден брозен медал, Џансел Озкан две сребрени медали, Дилара Учан по еден златен, сребрен и бронзен медал и Нурџан Јалчин еден брозен медал.

Машката репрезентација на првенството го освои второто место со вкупно освоени 572 поени, прва е Русија со 646 поени, а втора домаќинот Узбекистан со 500 поени.

Мухаммед Фуркан Озбек освои 2 златни и 1 сребрен медал и стана светски шампион, Јусуф Фехми Генч освои 2 сребрени медали, а Самед Џошкун освои 1 бронзен медал.



Слични вести