Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија европската шампионска титула

Василије Мициќ, српскиот играч на Анадолу Ефес, беше избран за најкорисен играч (МВП) на фајналфор турнирот

1648603
Кошаркарите на Анадолу Ефес ја освоија европската шампионска титула
anadolu efes thy avrupa ligi sampiyonu1.jpg
anadolu efes thy avrupa ligi sampiyonu.jpg
anadolu efes thy avrupa ligi sampiyonu1.jpg
anadolu efes thy avrupa ligi sampiyonu.jpg

Кошаркарите на Анадолу Ефес го совладаа шпанскиот тим Барселона со 86-81 во Фајнл-фор турнирот во кошарката на европската лига и ја освоија шампионската титула во сезоната 2020-2021.

На натпреварот одржан во Келн, Германија, Барселона првата четвртина ја заврши во предност со 22-15, додека Анадолу Ефес разликата ја затвори во втората четвртина и фати серија од 12-0 со стрелецот Ларкин и во соблекувалната замина со резултат од 39-36.

Анадолу Ефес добриот учинок го продолжи и во третата четвртина и во последниот период влезе со предност од 65-58.

Анадолу Ефес, кој на својот противник не му дозволи да ја затвори разликата, во периодот што започна со меѓусебни кошеви, извојува победа од 86-81 и го освои првиот шампионат во најголемата организација на европската кошарка на клупско ниво.

На церемонијата на доделување на трофејот одржана по натпреварот, претседателот на Европската лига, Џорди Бертомеу, пехарот му го врачи на капитенот на Анадолу Ефес, Догуш Балбај. По шампионатот, кошаркарите и техничката делегација на Анадолу Ефес доживеаја голема радост.

Василије Мициќ, српскиот играч на Анадолу Ефес, беше избран за најкорисен играч (МВП) на фајналфор турнирот.

Мициќ на последниот натпревар против Барселона постигна 25 кошеви и одигра важна улога во освојувањето на шампионатот на сино-белата екипа.

Главниот тренер Ергин Атаман, по Душан Ивковиќ и Дејвид Блат, стана третиот тренер кој ги освоил Европскиот куп на УЛЕБ и Европската лига.

Атаман стана и сопственик на титулата 3-ти главен тренер кој го освои европскиот куп во 4 различни тимови.

Сино-белите, по 25 години удрија силен белег во историјата со освојувањето на најголемиот трофеј на ниво на клубови во Европа.

Анадолу Ефес стана вториот турски тим што го освоил шампионатот на Европската лига по Фенербахче. Жолто-синиот тим пехарот во својот музеј го однесе во 2017 година.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган им честиташе на кошаркарите на Анадолу Ефес, кои го освоија фајнл-фор турнирот во кошарка на Европската лига.

Ердоган во пораката објавена на профилпт на Твитер рече:

„Искрено му честитам на Анадолу Ефес, кој стана европски шампион во финалето на Евролигата, чиј спонзор е Туркиш ерлајнс. Во мое лично име и во името на мојата нација, сакам да изразам голема благодарност до сите што придонесоа за овој голем успех што не направи горди“.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај, портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, директорот за комуникации на претседателството Фахретин Алтун, голем број министри, претседатели и претставници на спортските федерации и клубови исто така му честитаа на Анадолу Ефес, шампионот на Европската лига.



Слични вести