Челзи стана шампион во Лигата на шампионите за сезоната 2020-2021

Челзи во финалето на Лигата на шампионите го победи Манчестер Сити со 1:0 и по втор пат во својата историја стана европски шампион

1648323
Челзи стана шампион во Лигата на шампионите за сезоната 2020-2021

Шампион во Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2020-2021 година во англиското финале стана Челзи кој го победи Манчестер Сити со резултат од 1:0.

Во финалето на најзначајниот турнир на европскиот фудбал на ниво на клубови, играа две англиски екипи, Челзи и Манчестер Сити.

Мечот се одигра на стадионот Драгао во португалскиот град Порто.

Голот на Челзи пристигна во 42. минута од германскиот напаѓач Каи Хаверц.

На тој начин шампион во Лигата на шампионите за сезоната 2020-2021 година стана Челзи.

Челзи кој по трет пат играше во финалето во својата историја, по постигнатиот успех во 2012 година по втор пат успеа да го освои трофејот и да го однесе во својот музеј.

Натпреварот на којшто поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше дозволено да дојдат 33 отсто навивачи од целокупниот капацитет на стадионот, го следеа од трибините 14.110 лица.

 



Слични вести