Турција во Златната европска лига на ЦЕВ ја победи Португалија со 3:0

Во првата етапа во Групата „Ц“ во Златната европска лига на ЦЕВ којашто се одржува во Белорусија, Турција во вториот меч играше против Португалија и извојува победа од 3:0

1648122
Турција во Златната европска лига на ЦЕВ ја победи Португалија со 3:0

Турската машка одбојкарска репрезентација во вториот одигран натпревар во Групата „Ц“ во Златната европска лига на ЦЕВ ја победи Портигалија со резултат од 3:0 во сетови.

Во првата етапа во Групата „Ц“ којашто се одржува во Белорусија, Турција во вториот меч играше против Португалија.

Притоа Турција мечот што се одигра во главниот град на Белорусија, Минск го порази својот противник Португалија со 3:0 и тоа 25:19, 26:24 и 25:17 во сетови.

Најдобар стрелец на турската одбојкарска репрезентација која извојува две победи во два одиграни меча, беше Адис Лагумџија кој играше со 20 поени.

Турција последниот меч во првата етапа од нетпреварите ќе го одигра против Белорусија на 30 мај во недела, во 19:00 часот по турско време, додека мечевите од втората етапа во Групата „Ц“ во Златната европска лига на ЦЕВ ќе бидат одиграни во Португалија од 4 до 6 јуни.



Слични вести