Анадолу Ефес се пласира во финалето на Фајнел-форот во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Финалето во „Фајнел-форот“ (четворното финале) на Евролигата Туркиш Ерлајнс ќе се одигра помеѓу Анадолу Ефес и шпански Барселона утре вечер, во 20:30 часот во недела во германскиот град Келн

1647965
Анадолу Ефес се пласира во финалето на Фајнел-форот во Евролигата Туркиш Ерлајнс

Турската кошаркарска екипа Анадолу Ефес на првиот одигран натпревар во „Фајнел-форот“ (четворното финале) на Евролигата Туркиш Ерлајнс ја победи руската екипа ЦСКА Москва со резултат од 89:86 и се пласира во финалето.

Анадолу Ефес првата четвртина ја заврши со предност од 25:15, а втората четвртина со 49:37 и замина во соблекувалната

Анадолу Ефес и второто полувреме го започна со ефикасна игра со што третата четвртина ја заврши со предност од 71:55.

Во четвртата и последна четвртина кошаркарите на Анадолу Ефес ја продолжија добрата игра против својот противник ЦСКА Москва и во неизвесен финиш мечот заврши со резултат од 89:86.

На тој начин Анадолу Ефес се пласира во финалето на „Фајнел-форот“ (четворното финале) на Евролигата Туркиш Ерлајнс.

Финалето ќе се одигра помеѓу Анадолу Ефес и шпански Барселона утре вечер, во 20:30 часот во недела во градот Келн, Германија.

Анадолу Ефес, по втор пат ќе игра во финалето на Евролигата и ниту еднаш досега ја нема освоено титулата европски шампион.

Шпански Барселона има освоено две титули од седум одиграни финалиња и за последен пат во 2010 стана европски шампион.

 



Слични вести