Турската спортистка во аеробна гимнастика Ајше Беѓум Онбаши на СП во Баку стана светска шампионка

Турската спортистка репрезентативка Ајше Беѓум Онбаши со приредениот извонреден перформанс на Светското првенство во аеробна гимнастика во Баку во Азербејџан, освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана светска шампионка

1647729
Турската спортистка во аеробна гимнастика Ајше Беѓум Онбаши на СП во Баку стана светска шампионка
Milli Cimnastikçi Ayşe Begüm Onbaşı Dünya Şampiyonu1.jpg

Турската репрезентативка Ајше Беѓум Онбаши на Светското првенство во аеробна гимнастика што се одржува во Баку, главниот град на Азербејџан, освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана светска шампионка.

Турската спортистка Ајше Беѓум Онбаши со приредениот извонреден перформанс на првенството со освоени 21.850 поени успеа да го освои првото место и да се закити со златен медал.

На тој начин Ајше Беѓум Онбаши стана светска шампионка.

Турската репрезентативка Ајше Беѓум Онбаши го освои првото место и се закити со златен медал и на 6. Светски куп во аеробна гимнастика во Кантанхеде во Португалија во 2019 година.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја побара по телефон Ајше Беѓум Онбаши и ѝ честита за постигнатиот извонреден успех на Светското првенство во аеробна гимнастика во Баку на кое освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана светска шампионка.



Слични вести