Лил со турскиот фудбалер Бурак Јилмаз ја освои шампионската титула во „Лига 1“

Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз на одиграни 28 меча оваа сезона во дресот на Лил постигна вкупно 16 голови и стана најдобриот стрелец на екипата

1644337
Лил со турскиот фудбалер Бурак Јилмаз ја освои шампионската титула во „Лига 1“

Француската екипа Лил во првата фудбалска лига „Лига 1“ во 38. и последно коло од натпреварите ја победи екипата Ангерс со 2:1 и ја освои шампионската титула во сезоната 2020-2021 година.

На натпреварот еден гол постигна и турскиот ререзентативец Бурак Јилмаз.

На овој одигран последен натпревар на стадионот „Рајмонд Копа“ Лил му гостуваше на Ангерс.

Во 10. минута од натпреварот со голот на Џонатан Давид Лил премина во водство од 1:0.

Во 45. минута пак, пристигна голот на турскиот репрезентативец Бурак Јилмаз од пенал со што разликата се зголеми на два гола.

Првото полувреме заврши со 2:0 за домаќинот Лил.   

На продолжетоците во 90+2-та минута од натпреварот Ангерс постигна гол со Фулгини со што мечот заврши со резултат од 2:1 за Лил.

На тој начин Лил со освоени 83 поени стана лидер во првата француска фудбалска лига „Лига 1“ и по пауза од 10 години повторно ја освои шампионската титула. 

Лил исто така ја освои и четвртата шампионска титула во својата историја.

Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз на одиграни 28 меча оваа сезона во дресот на Лил постигна вкупно 16 голови и стана најдобриот стрелец на екипата.

 



Слични вести