Турските каратисти на 55. Европско првенство во Пореч-Хрватска освоија 2 златни и 1 бронзен медал

На 55. Европското првенство во карате коешто продолжува во Пореч-Хрватска Угур Акташ и Мелтем Хоџаоглу Акјол освоија златни медали, додека Еда Елтемур освои бронзен медал

1643869
Турските каратисти на 55. Европско првенство во Пореч-Хрватска освоија 2 златни и 1 бронзен медал

Турските репрезентативци каратисти на 55. Европско првенство во карате коешто продолжува во градот Пореч во Хрватска, досега освоија 3 медали од кои 2 златни и 1 бронзен.

Според објавеното соопштение од Карате федерацијата на Турција, на четвртиот ден на првенството турската каратистка Мелтем Хоџаоглу Акјол излезе на татами во финалето во категоријата +68 килограми за жени.

Во финалето Мелтем Хоџаоглу Акјол ја победи својата противничка од Бугарија Александра Стублева со резултат од 1:0 и освојувајќи златен медал стана европска шампионка

Турскиот репрезентативец каратист во кумите 84 килограми за мажи Угур Акташ исто така во финалето го победи својот противник од Азербејџан Панах Абдулаев со резултат од 2:1 и освојвајќи златен медал стана европски шампион.

Турската репрезентативка каратистка Еда Елтемур во кумите 68 килограми за жени во мечот за третото место ја победи својата противничка од Босна и Херцеговина Ивона Џавар и освои бронзен медал на првенството.



Слични вести