Бешикташ шампион во турската фудбалска Супер лига за сезоната 2020-2021 година

Фудбалската екипа на Бешикташ стана шампион во првата турска Спор Тото Супер лига за сезоната 2020-2021 година

1639971
Бешикташ шампион во турската фудбалска Супер лига за сезоната 2020-2021 година

Бешикташ на синоќешниот одигран натпревар во 42. и последно коло на првата турска фудбалска Спор Тото Супер лига во сезоната 2020-2021 година го победи Ѓозтепе во гости со резултат од 2:1 и со предност по бројот на постигнати голови пред својот противник Галатасарај стана шампион на Турција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на Бешикташ за шампионската титула во Спор Тото Супер лигата на Турција. 

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил преку социјалната медија напиша: „Од сѐ срце им честитам на Бешикташ и на сите навивачи на Бешикташ за освоената шампионска титула во Спор Тото Супер лигата за сезоната 2020-2021 година.“

 



Слични вести