Англиско финале во Лигата на шампионите во Истанбул: Челси-Манчестер Сити

Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2020-2021 ќе се одигра на 29 мај помеѓу Челси и Манчестер Сити на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул

1635011
Англиско финале во Лигата на шампионите во Истанбул: Челси-Манчестер Сити

Финалето на Лигата на шампионите на УЕФА ќе се одигра помеѓу двете англиски екипи Челси и Манчестер Сити на 29 мај во сабота, на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул. 

Во рамките на оваа најзначајна организација на ниво на клубско натпреварување на Европскиот фудбал, Челси синоќа го одигра реванш мечот со шпански Реал Мадрид со кого првиот натпревар заврши нерешено 1:1.

На реваншот на стадионот „Стемфорд Бриџ“ Челси извојува победа од 2:0 и по Манчестер Сити стана втората екипа која се пласира во финалето.

Головите за Челси ги постигнаа Тимо Вернер во 28. минута и Моунт во 85. минута од натпреварот.

На тој начин финалето на Лигата на шампионите на УЕФА за сезоната 2020-2021 ќе се одигра помеѓу двете англиски екипи Челси и Манчестер Сити, на 29 мај во сабота на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.

 



Слични вести