Анадолу Ефес се пласира во „Фајнел-форот“ на Евролигата Туркиш Ерлајнс

Турскиот претставник Анадолу Ефес се пласира во „Фајнел-форот“ на Евролигата Туркиш Ерлајнс и ќе игра против руски ЦСКА Москва

1634420
Анадолу Ефес се пласира во „Фајнел-форот“ на Евролигата Туркиш Ерлајнс

На петтиот и последен натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот на Евролигата Туркиш Ерлајнс турскиот претставник Анадолу Ефес го победи шпански Реал Мадрид со резултат од 88:83 и успеа да се пласира во „Фајнел-форот“ (четворното финале).

Анадолу Ефес кој во четвртфиналната серија на плеј-офот премина во водство од 3:2 во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва.

Шпанскиот претставник Барселона во четвртфиналето го елиминира Зенит, додека германски Баерн Минхен го декласира италијански АХ Армани Ексченџ Милано., така што играат во полуфиналето т.е. Фајнел-форот (четворното финале).

Фајнел-форот на кој ќе биде познат шампионот на Евролигата Туркиш Ерлајнс за сезоната 2020-2021 година, ќе се одигра од 28-30 мај во германскиот град Келн.

 



Слични вести