Познати противниците на турските фудбалерки во европските квалификации за СП 2023

Во објавеното соопштение од Фудбалската федерација на Турција се истакнува дека на извлечените ждребки во Нион во Швајцарија, турската женска фудбалска репрезентација ќе игра во Групата „Х“ задно со Германија, Португалија, Србија, Израел и Бугарија

1631934
Познати противниците на турските фудбалерки во европските квалификации за СП 2023

Познати противниците на турската женска фудбалска репрезентација во европските квалификации за Светскиот ФИФА куп за жени во 2023 година.

Во објавеното соопштение од Фудбалската федерација на Турција се истакнува дека на извлечените ждребки во градот Нион во Швајцарија турската женска фудбалска репрезентација ќе игра во Групата „Х“ задно со Германија, Португалија, Србија, Израел и Бугарија.

Во рамките на европските квалификации на Светското првенство во фудбал за жени 2023 чиј домаќини ќе бидат Австралија и Нов Зеланд, ќе се натпреваруваат 51 селекција во 9 групи.

Репрезентациите кои ќе го освојат првото место во своите квалификациски групи ќе се стекнат со право за учество на Светскиот куп. Најдобрите второпласирани три репрезентации ќе играат во второто коло на плеј-оф натпреварите. Останатите 6 второпласирани репрезентации во своите групи ќе одиграт меѓусебно по еден елиминациски меч во првото коло на плеј-оф натпреварите.

Три репрезентации кои ќе ги елиминираат своите противници во второто коло на плеј-оф натпреварите ќе одиграат уште по еден елеминициски меч. Во оваа фаза од трите селекции кои ќе ги елиминираат своите противници две селекции со најголем број освоени поени на крајот на елиминационите мечеви и второто коло на плеј-офот ќе го добијат билетот за учество на Светскиот куп. Другата (третата) репрезентација ќе игра интерфедерациски елиминационен меч.

Квалификациите коишто ќе започнат во септември оваа година ќе завршат во септември 2022 година.

Еве ги формираните групи за европскиот квалификации за Светскиот куп за жени ФИФА 2023: 

Група А: Шведска, Финска, Република Ирска, Словачка, Грузија

Група Б: Шпанија, Шкотска, Украина, Унгарија, Фарски Острови

Група Ц: Холандија, Исланд, Чешка, Белорусија, Кипарко-грчки дел

Група Д: Англија, Австрија, Северна Ирска, Северна Македонија, Летонија, Луксембург

Група Е: Данска, Русија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Малта, Црна Гора

Група Ф: Норвешка, Белгија, Полска, Албанија, Косово, Ерменија

Група Г: Италија, Швајцарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Литванија

Група Х: Германија, Португалија, Србија, Израел, Турција, Бугарија

Група И: Франција, Велс, Словенија, Грција, Казахстан, Естонија

Квалификациска групна фаза:

13 - 21 септември 2021 година

18 - 26 октомври 2021 година

22 - 30 ноември 2021 година

4 - 12 април 2022 година

29 август - 6 септември 2022 година

Плеј-оф:

3 - 11 октомври 2022 година

 

 

 



Слични вести