Познати противниците на Турција на Европското кошаркарско првенство 2022

На извлекувањето на групите во „Верти Мјузик Хол“ во главниот град на Германија, Берлин, се познати натпреварувачките групи за „Еуробаскет 2022“ што ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година

1630949
Познати противниците на Турција на Европското кошаркарско првенство 2022

Турската машка кошаркарска репрезентација на Европското првенство ФИБА 2022 (Еуробаскет 2022) ќе игра во Групата „А“ со Шпанија, Русија, Белгија, Грузија и Бугарија.

На извлекувањето на групите во „Верти Мјузик Хол“ во главниот град на Германија, Берлин, се познати натпреварувачките групи за првенството што ќе се одржи од 1 до 18 септември 2022 година. 

На „Еуробаскет 2022“ чии домаќини ќе бидат Германија, Чешка, Грузија и Италија, ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Потоа по четири селекции од секоја група ќе продолжат во нокаут-фазата.

По извлекувањето на ждребките се формирани следните групи:

Група „А“: Турција, Шпанија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија

Група „Б“: Германија, Литванија, Франција, Словенија, Унгарија, Босна и Херцеговина

Група „Ц“: Италија, Естонија, Грција, Хрватска, Украина, Велика Британија

Група „Д“: Чешка, Полска, Србија, Финска, Израел, Холандија.

Турската кошаркарска репрезентација своите групни натпревари ќе ги одигра во главниот град на Грузија, Тбилиси.

 

Almanya, Çekya, Gürcistan ve İtalya'nın ortaklaşa düzenleyeceği şampiyonanın grup aşamasını ilk dört sırada tamamlayan 16 takım çapraz şekilde eşleşecek.

 

aa/remzi



Слични вести