Турскиот гимнастичар Ферхат Ариџан во дисциплината разбој стана европски шампион

Турскиот гимнастичар Ферхат Ариџан на Европското првенство во уметничка гимнастика во Базел-Швајцарија во дисциплината разбој освои златен медал и стана европски шампион

1627997
Турскиот гимнастичар Ферхат Ариџан во дисциплината разбој стана европски шампион

Турскиот спортист репрезентативец Ферхат Ариџан на Европското првенство во уметничка гимнастика на финалните натпревари во дисциплината разбој освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана европски шампион.

На првенството што се одржува во швајцарскиот град Базел, Ферхат Ариџан во разбој со освоени 15.300 поени го освои првото место. 

Ферхат Ариџан освои златен медал во дисциплината разбој и на Европското првенство во уметничка гимнастика што се одржа во 2020 година во градот Мерсин. 

Вториот спортист репрезентативец кој ја претставува Турција на првенството Ахмет Ондер со освоени 9.666 го освои осмото место.

На натпреварот во разбој на кој Ферхат Ариџан со 15.300 поени освои златен медал, рускиот гимнастичар Давид Белјавскиј со 15.133 поени освои сребрен медал, а германскиот гимнастичар Лукас Даусер и швајцарскиот гимнастичар Кристиан Бауман со 15.100 поени освоија бронзен медал.

Во меѓувреме, турскиот гимнастичар репрезентативец  Адем Асил во дисциплината вратило со освоени 13.766 поени го освои третото место и се закити со бронзен медал на првенството.

Еден друг турски гимнастичар Ахмед Ондер со освоени 13.466 поени го освои петтото место.

На првенството во дисциплината вратило со освоени 14.066 поени рускиот гимнастичар Давид Белјавскиј освои златен медал, а гермнаскиот атлетичар Андреас Тоба со освоени 13.833 поени освои сребрен медал.

 



Слични вести