Турскиот борач Риза Кајаалп по 10. пат европски шампион

Турскиот борач репрезентативец Риза Кајаалп на Европското првенство во Варшава-Полска во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил освојувајќи го првото место се закити со златен медал и по 10. пат европски шампион

1627840
Турскиот борач Риза Кајаалп по 10. пат европски шампион
riza kayaalp avrupa sampiyonu1.jpg
riza kayaalp avrupa sampiyonu.jpg

Турскиот борач репрезентативец Риза Кајаалп на Европското првенство во главниот град на Полска, Варшава го освои првото место и се закити со златен медал во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил.

Вчера, на шестиот ден на првенството турскиот борач репрезентативец Риза Кајаалп во финалниот меч во категоријата до 130 килограми во грчко-римски стил играше против грузискиот борач Иакоби Кажаиа. 

Риза Кајаалп својот грузиски противник го победи со резултат од 3:1 и по 10. пат стана европски шампион.

Со оваа извојвана победа Кајаалп се стекна со титулата турски спортист со најголем број освоени златни медали на европските првенства и го подобри сопствениот рекорд. 

Риза Кајаалп во својата боречка кариера досега 10 пати стана европски шампион, 4 пати светски шампион и има освоено по едно второ и трето место на олимпијадите.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон Риза Кајаалп кој по 10. пат стана европски шампион и му честита за постигнатиот успех.

Претседателот Ердоган му рече на Риза Кајаалп дека од него очекува да стане шампион и на Олимпијадите во Токио 2020, кои ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година. 

 



Слични вести