Турскиот репрезентативец во борење Сулејман Атли стана Европски шампион

Сулејман Карадениз, кој се натпреваруваше во слободен стил во категоријата до 97 килограми на Европското првенство во борење, загуби од својот руски ривал Забраилов и го освои сребрениот медал

1625516
Турскиот репрезентативец во борење Сулејман Атли стана Европски шампион
Taha Akgül.jpg
Süleyman Karadeniz.jpeg

Турскиот репрезентативец во борење во слободен стил во категоријата до 57 кг Сулејман Атли, совладувајќи го својот руски ривал Начин Монгуш, го освои златниот медал на Европското првенство во борење што се одржа во Полска.

На шампионатот што се одржа во Варшава, главниот град на Полска, Сулејман Атли во четвртфиналето до 57 килограми го победи Украинецот Камил Керимов (11-0), во полуфиналето го победи Бугаринот Наим Салим Микјај од турско потекло (3-1).

Турскиот репрезентативец во борење во синоќешната сесија го совлада Начин Монгуш, кој се бореше за Русија.

Од друга страна, Сулејман Карадениз, кој се натпреваруваше во слободен стил во категоријата до 97 килограми на Европското првенство во борење, загуби од својот руски ривал Забраилов и го освои сребрениот медал.

Карадениз го победи Молдавецот Раду Лефтер (10-0) и туш, во четврт-финалето Азербејџанецот Шамил Зубариов (6-4) и Грузиецот Елизбар Одикадзе (7-5) во полуфиналето и го забележа своето име во финалето.

Сулејман Карадениз во финалето загуби од Русинот Забраилов и го освои второто место во Европа.

Во меѓувреме, турскиот репрезентативец во атлетика Таха Акѓул, кој се натпреваруваше во слободен стил мажи во категоријата до 125 кг, се пласираше во финалето.

Вториот ден од организацијата, Таха Акѓул, на натпреварот на првото коло кој се смета за еден вид предвремено финале, лесно го светскиот шампион Грузиецот Гено Петриашвили со 6-1.

Таха во четврт-финалето го совлада Полјакот Камил Томаш Кошиолек со 6-1 и во полуфиналето се соочи со белорускиот Дзианис Храмиануку.

Олимпискиот шампион, репрезентативецот во борење кој го помина противникот со 4-0, своето име го забележа во финалето.

Таха Акѓул, која има 7 европски шампионати во својата кариера, вечерва во финалето ќе се соочи со Русинот Сергеј Козирев.

Емрах Орманоглу, кој се натпреваруваше во категоријата до 61 килограм, на првиот натпревар совладувајќи го Италијанецот Симон Винченцо Пироду со 11:1, се пласираше во четвртфиналето.

Емрах, кој во четврт-финалето загуби од шампионот на Светското превенство, Русинот Абасгаџи Магомедов, се пласираше на натпреварот за репешажа откако неговиот противник стигна до финалето.

Репрезентативецот во атлетика, кој има шанса за бронзен медал, денеска во репашжниот натпревар ќе се соочи со Бугаринот Георги Валентинов Вангелов.

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај и министерот за Млади и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу преку проаките што ги објавија на социјалните мрежи им честитаа на спортистите.



Слични вести