Европските клубови еден по еден соопштуваат дека нема да учествуваат во Европската Супер Лига

По шесте англиски клубови кои одлучија да се повлечат од новоформираната Европска Супер Лига, како последно уште два клуба соопштија дека одлучиле да не учествуваат во проектот

1625695
Европските клубови еден по еден соопштуваат дека нема да учествуваат во Европската Супер Лига

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид и италијанскиот клуб Интер соопштија дека одлучија да не учествуваат во новоформираната Европска Супер Лига.

Планот на 12 фудбалски клубови од Англија, Шпанија и Италија за формирање на Европската Супер Лига, стана причина за хаос во светот на фудбалот.

Реакцијата на навивачите во Англија и соопштението на Владата во однос на тоа дека ќе биде направена законска регулатива, беа причина англиските екипи да направат отстапка. 

Шест англиски клубови; Арсенал, Челзи, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем одлучија да се повлечат од проектот.

Како последно и шпанската екипа Атлетико Мадрид6и италијанската екипа Интер соопштија дека нема да и се приклучат на Европската Супер Лига.

Европската Супер Лига пак, во која пристапија по две клубови од Шпанија и Италија, застанаа во одбрана на ставање во примена на проектот со поцврст дијалог.

Во објавеното соопштение се вели следното: „Нашиот предлог правилен и е во усогласеност со Европската легислатива.“

Во новоформираната Европска Супер Лига во моментов се наоѓаат Милан и Јувентус од Италија и Барселона и Реал Мадрид од Шпанија.

Претседателот на Јувентус едната од основачите екипи на италијанската фудбалска лига Адреа Агнели пак, истакна дека по повлекувањето на англиските клубови проектот не може да продолжи.

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александер Џаферин, исто така рече: „Сакаме повторно да го воспоставиме единството во Европскиот фудбал.“

 



Слични вести