Турскиот борач Таха Акѓул на ЕП во Варшава-Полска го победи светскиот шампион Гено Патриашвили
Турскиот борач Таха Акѓул на ЕП во Варшава-Полска во мечот во категоријата до 125 килограми го победи својот силен противник грузискиот борач светски шампион Гено Патриашвили

На Европското првенство во борење што се одржува во главниот град на Полска, Варшава, турскиот борач репрезентативец Таха Акѓул во категоријата до 125 килограми го победи својот грузиски противник светскиот шампион Гено Патриашвили.
Таха Акѓул извојува победа над својот силен противник со резултат од 6:1 и се пласира во следното коло.
На вториот ден на првенството турскиот борач олимписки шампион Таха Акѓул на мечот во првото коло во категоријата до 125 килограми, којшто беше оценет како рано финале, се бореше против светскиот шампион во 2017, 2018 и 2019 година грузискиот борач Гено Патриашвили.
Таха Акѓул кој по здобиената повреда по светското првенство во 2019 година за прв пат учествува на еден турнир, својот силен противник Патриашвили го победи со резултат од 6:1 и се пласира во четвртфиналето.
Таха Акѓул во својата досегашна боречка кариера има освоено 7 европски, 2 светски првенства и 1 олимпијада.