Турскиот џудист Ведат Албајрак на ЕП во Лисабон стана европски шампион

Турскиот џудист репрезентативец Ведат Албајрак на Европското првенство во џудо кое се одржува во португалскиот главен град Лисабон освои златен медал и стана европски шампион

1623453
Турскиот џудист Ведат Албајрак на ЕП во Лисабон стана европски шампион

Турскиот џудист репрезентативец Ведат Албајрак на Европското првенство во џудо освојувајќи го првото место се закити со златен медал и стана европски шампион.

На вториот ден на првенството кое се одржува во главниот град на Португалија, Лисабон, Ведат Албајрак излезе на татами во категоријата до 81 килограм за мажи и првото коло го помина без да одигра натпревар. Во второто коло го победи својот азербејџански противник Мурад Фатиев, во третото коло францускиот противник Николас Чилард, во четвртфиналето рускиот противник Аслан Лапинагов и во полуфиналето извијува победа со ипон над својот португалски противник Анри Егутидзе, со што се пласира во финалето.

Турскиот џудист Ведат Албајрак во финалето играше против својот белгиски противник Матиас Касе кого го победи со ипон и стана европски шампион.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу, во споделените објави на своите профили на социјалната мрежа Твитер у честитаа на Ведат Албајрак за освоениот златен медал на Европското првенство во џудо кое се одржува во главниот град на Португалија, Лисабон.

 



Слични вести