Истанбул домаќин на Фајнел-форот во Евролигата за жени

Фајнел-форот на Евролигата за жени на ФИБА за сезоната 2020-2021 ќе започне утре во Истанбул

1621974
Истанбул домаќин на Фајнел-форот во Евролигата за жени

Утре во Истанбул почнува воодушевувањето на Фајнел-форот (Четворното финале) на Евролигата за жени на ФИБА.

Во рамките на организацијата на која ќе биде позната екипата број еден во женската кошарка на ниво на европски клубови, освен турската екипа Фенербахче Ознур Кабло ќе се натпреваруваат УММЦ Екатеринбург од Русија, Авенида Перфумериас од Шпанија и Сопрон Баскет од Унгарија.

На првиот ден на Фајнел-форот во "Volkswagen Arena" утре во 16:00 часот по турско време ќе играат Фенербахче Ознур Кабло-УММЦ Екатеринбург, а во 21:00 часот по турско време Авенида Перфумериас-Сопрон Баскет.

Екипите кои ќе ги добијат полуфиналните мечеви на 18 април во недела ќе играат во финалето за шампионската титула во сезоната 2020-2021. Двете екипи кои ќе изгубат на  полуфиналните мечеви пак, истиот ден ќе играат за третото место.

Шампионот во Евролигата за жени на ФИБА по трет пат ќе биде познат во Истанбул.

 



Слични вести