Турските спортисти на ЕП во таеквондо за сениори освоија еден златен и два сребрени медали

На вториот ден на Европското првенство во таеквондо за сениори во Софија турските спортисти освоија еден златен и два сребрени медали

1618512
Турските спортисти на ЕП во таеквондо за сениори освоија еден златен и два сребрени медали

На вториот ден на Европското првенство во таеквондо за сениори турските спортисти репрезентативци освоија еден златен, два сребрени медали.

На првенството коешто се одржува во главниот град на Бугарија, Софија, во категоријата до 63 килограми за мажи Хакан Речбер во полуфиналето го победи првиот носител на првенството Жауад Ашаб од Белгија, Хатиџе Ќубра Илѓун во полуфиналето во категоријата до 57 килограми за жени ја победи Инесе Тарвида од Летонија и Зелиха Агрис во полуфиналето во категоријата до 53 килограми ја победи Луца Патакфалви од Унгарија. 

Овие тројца турски спортисти репрезентативци со извојуваните победи над своите противници во полуфиналето се пласираа во финалето.

Турскиот репрезентативец таеквондист Хакан Речбер во финалето во категоријата до 63 килограми за мажи го победи Хоан Хоргуера од Шпанија со резултат од 18:12 и освојувајќи златен медал стана европски шампион.

Хакан Речбер на Европското првенство во 2018 година на кое учествуваше за прв пат го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Турската репрезентативка таеквондистка Хатиџе Ќубра Илѓун во финалето во категоријата до 57 килограми за жени изгуби од својата англиска противничка олимписката шампионка Џејд Џонс со резултат од 20:5 и освојувајќи второто место и се закити со сребрен медал.

Зелиха Агрис во финалето во категоријата до 53 килограми за жени исто така изгуби од својата руска противничка Татиана Минина со резултат од 24:17, го освои второто место и се закити со сребрен медал.

 



Слични вести