Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Германија со 2-1

Головите за македонската репрезентација ги постигнаа Пандев и Елмас

1612686
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Германија со 2-1

 

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Дуизбург ја совлада репрезентацијата на Германија со резултат 1:2 на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Катар 2022.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на синоќешниот натпревар настапија многу организирано и во одбраната и во нападот, во текот на целиот натпревар и се изборија за историска победа против репрезентацијата на четирикратниот светски првак, Германија.

Во дополнителните пет минути од првото полувреме, капитенот на црвено-жолтите Горан Пандев ја искористи шансата и го совлада германскиот голман Тер Штеген. Во вториот дел од мечот, домашната репрезентација го израмни резултатот со голот на Ѓундоган во 63. минута. Ѓундоган постигна гол од пенал. Веднаш потоа, избраниците на Јоаким Лев имаа уште една шанса за комплетен пресврт на натпреварот, но Вернер не постигна гол од чиста позиција за погодок.

На само 5 минути пред крајот на натпреварот, Елмас одлично ја искористи добиената топка од Адеми и постигна погодок кој беше доволен за победа на Македонската фудбалска репрезентација на гостински терен во Германија.

По три одиграни кола, Македонската репрезентација има шест бода, откако прво тесно изгуби од Романија во Букурешт (3:2), а потоа со 5:0 го победи Лихтенштајн.



Слични вести