Турција играше нерешено со Летонија 3:3 и продолжува да води на табелата во групата „Г“

Турција по извојуваните победи над Холандија и Норвешка и синоќешниот нерешен резултат со Летонија бројот на своите освоени поени го зголеми на 7 и продолжува да води на табелата во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022

1611668
Турција играше нерешено со Летонија 3:3 и продолжува да води на табелата во групата „Г“

Турската фудбалска репрезентација синоќа на третиот натпревар од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 играше дома против Летонија и мечот заврши со нерешен резултат од 3:3.

Натпреварот се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, додека головите за Турција ги постигнаа Кенан Караман во 2. минута, Хакан Чалханоглу во 33. и Бурак Јилмаз во 52. минута од пенал.

Головите за гостинската репрезентација, Летонија, пристигнаа од Савалниекес во 35. минута, Улдрикис во 58. и Икауниекес во 79. минута од натпреварот.

Мечот од трибините на стадионот го следеше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Турција по извојуваните победи над Холандија и Норвешка и синоќешниот нерешен резултат со Летонија бројот на своите освоени поени го зголеми на 7 и продолжува да води на табелата во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022.

Пораки со честитка за синоќешниот натпревар на турската фудбалска репрезентација објавија претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и потпретседателот Фуат Октај. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со хаштагот „#BizimÇocuklar“ (#НашиМоци) го напиша следното: „Вечерва дојде до мало забавување на патот што води за Светскиот куп. И благодариме на нашата фудбалска репрезентација за убавата игра на трите одиграни меча, за големата борба, 7-те освоени поени и за 10-те постигнати гола.“

Потпретседателот Фуат Октај, исто така и честита на турската фудбалска репрезентација која на третиот натпревар во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 против гостинската репрезентација на Летонија играше нерешено со резултат од 3:3.

Октај, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, напиша: „Овој резултат нека ни е 'назар-сино око, амајлија' да не штити од уроци. Без оглед на резултатот ние секогаш сме покај 'Нашите момци'.“

 



Слични вести