Турција во квалификациите за Светскиот куп 2022 ја победи Норвешка со убедлив резултат од 3:0

Турција во синоќешниот одигран втор натпревар во својата квалификациона Група „Г“ за Светскиот куп 2022 ја победи Норвешка со убедлив резултат од 3:0

1609760
Турција во квалификациите за Светскиот куп 2022 ја победи Норвешка со убедлив резултат од 3:0

Турција на вториот одигран натпревар од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 ја победи Норвешка со убедлив резултат од 3:0.

Турската фудбалска репрезентација на своите победи им додаде уште една. 

Турција во рамките на натпреварите во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп 2022 по извојуваната победа над Холандија со резултат од 4:2 ја победи и Норвешка со убедлив резултат.

На одиграниот меч во Шпанија турската фудбалска репрезентација ја победи Норвешка со убедлив резултат од 3:0.

На тој начин Турција со две извојувани победи на два одиграни натпревари се искачи на лидерската позиција во својата квалификациона група. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот Фуат Октај и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така и честитаа на турската фудбалска репрезентација за извојуваната победа над Норвешка.

Во меѓувреме, и ФИФА ѝ честита на Турција за извојуваната победа од 3:0 во гости на вториот одигран натпревар во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп 2022.

Во споделената објава на профилот на Светскиот куп ФИФА на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Извонреден перформанс! Турција ја победи Норвешка со 3:0 и покажа дека се наоѓа на извонредно ниво да им придаде уште поголеми успеси на своите досегаши успеси. Ги доби и двата меча од квалификациите за Светскиот куп.“

Турција, најголемиот успех во својата историја го постигна со освоеното трето место на Светскиот куп 2002 чиј домаќин беа Јужна Кореја и Јапонија.

 



Слични вести