Познат судијата за мечот Турција-Летонија на 30 март, во вторник вечер

Натпреварот помеѓу Турција и Летонија ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул на 30 март во вторник, ќе започне во 21:45 часот по турско време, а мечот ќе го води Даниел Стефански од Фудбалската Федерација на Полска

1609987
Познат судијата за мечот Турција-Летонија на 30 март, во вторник вечер

Третиот натпревар на турската фудбалска репрезентација што ќе го одигра на 30 март, во вторник вечер против Летонија, во Групата „Г“ од европските квалификации за Светскиот куп ФИФА 2022, ќе го води судијата Даниел Стефански  од Фудбалската Федерација на Полска.

Според веста објавена на интернет страницата на УЕФА, натпреварот помеѓу Турција и Летонија ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул на 30 март во вторник, ќе започне во 21:45 часот по турско време, а ќе суди Даниел Стефански од Фудбалската Федерација на Полска, помошници ќе бидат Конрад Сапела и Михал Обукович.

Четврти судија на мечат пак, ќе биде Аристотелис Диамантопулос од Грција.



Слични вести