Втора победа на Фенербахче против грчки Олимпијакос во оваа сезона

Фенербахче Беко во 31. коло во „Туркиш Ерлајнс“ Евролигата ја извојува втората победа во оваа сезона над грчки Олимпијакос

1609455
Втора победа на Фенербахче против грчки Олимпијакос во оваа сезона

Турскиот претставник во кошаркарската „Туркиш Ерлајнс“ Евролига Фенербахче Беко во 31. коло го победи во гости грчки Олимпијакос со резултат од 76:71.

Фенербахче Беко мечот што се одигра во спортската сала „Мир и пријателство“ во Атина во првата четвртина премина во водство од 20:11 и во првиот дел замина во соблекувалната со предност од 43:27.

Жолто-лилјаковата екипа својата надвласт ја продолжи и во вториот дел така што третата четвртина заврши со резултат од 58:49, додека натпреварот заврши со резултат од 76:71.

Најпрецизен кај Фенербахче Беко и на мечот беше Јан Весели кој постигна 18 коша. 

Жолто-лилјаковите кошаркари на Фенербахче Беко ја извојуваа 19. победа во „Туркиш Ерлајнс“ Евролигата и втората победа во оваа сезона над грчки Олимпијакос. 

Од друга страна, со овој претрпен пораз заврши серијата од три победи на Олимпијакос кој го доживеа 17. пораз.

 



Слични вести