Турција во првиот натпревар од квалификациите за СП ФИФА 2022 ја победи Холандија со 4:2

Турција во првиот натпревар во Групата "Г" од квалификациите за Светскиот куп 2022 што се одигра синоќа на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул ја победи Холандија со убедлив резултат од 4:2

1608310
Турција во првиот натпревар од квалификациите за СП ФИФА 2022 ја победи Холандија со 4:2
A milli takım Hollanda Futbol1.jpg
A milli takım Hollanda Futbol3.jpg
A Milli Takim Hollanda maci.jpg

Турската фудбалска репрезентација на синоќешниот одигран натпревар во Групата "Г" од ква за Светскиот куп во Катар ФИФА 2022 ја победи Холандија со резултат од 4:2.

Турција на првиот натпревар од квалификациите синоќа на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул ја пречека Холандија. 

Турската фудбалска репрезентација со головите на Бурак Јилмаз најпрвин во 15. а потоа во 35. минута (од пенал) од натпреварот првото полувреме го заврши со водство од 2:0.

Во второто полувреме со голот на Хакан Чалханоглу во 46. минута турската репрезентација разликата ја зголеми на 3 и премина во водство од 3:0. 

Во 75. минута со голот на Класен Холандија ја намали разликата на 3:1, а само една минута ппотоа со голот на Јонг во 76. резултатот беше сведен на 3:2.

Во 81. минута повторно стапи на сцена Бурак Јилмаз кој разликата повторно ја зголеми на 2 гола и резултатот беше 4:2.

До крајот на натпреварот немаше друг гол и Турција ја победи Холандија со 4:2. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им честита на фудбалерите на турската репрезентација за извојуваната убедлива победа против Холандија со резултат од 4:2.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган преку телефонот на министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу кој по натпреварот се состана со фудбалерите во соблекувалната, разговараше со техничкиот директор Шенол Ѓунеш и играчите на кои им честита за победата.

Претседателот Ердоган истакна дека е многу радосен поради извојуваната победа на турската фудбалска репрезентација и го рече следното: "Тоа што нашата репрезентација во еден ваков период извојува победа со резултат од 4:2 над една екипа како Холандија, навистина им причини една поразлична гордост на нашата земја и на нашиот народ."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им честита за извојуваната победа на техничкиот директор Шенол Ѓунеш, на капетанот Бурак Јилмаз и на сите фудбалери заслужни за победата.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: "И честитам на нашата фудбалска репрезентација која на крајот на крајот на една извонредна игра и борба ја победи Холандија на патот за Светскиот куп 2022. И на следните два натпревари дапостигнете гол од секое шутирање." 

Потпретседателот Фуат Октај, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша:" Честитки наши момци. Извонредна игра, прекрасен резултат."

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу кој го следеше натпреварот од трибините во дадената изјава за претставниците на печатот по натпреварот рече: "Следевме репрезентација која се бори, трча, покажа пожртвувана борба. Тоа е добар почеток. Во продолжение следуваат натпреварите против Норвешка и Летонија. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) нашите репрезентативци и на тие натпревари ќе не претставуваат на најдобар начин."

Министерот Касапоглу им честита на сите фудбалери репрезентативци и на техничкиот директор им посака успех.

 



Слични вести