Натпреварот Турција-Норвешка ќе го води шпанскиот судија Алехандро Хернандез

Натпреварот помеѓу Турција и Норвешка во Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 ќе се одигра на 27 март во сабота вечер, а правдата ќе ја дели шпанскиот судија Алехандро Хернандез

1608554
Натпреварот Турција-Норвешка ќе го води шпанскиот судија Алехандро Хернандез

Турската фудбалска репрезентација вториот натпревар од Групата „Г“ од квалификациите за Светскиот куп ФИФА 2022 ќе го одигра на 27 март во сабота вечер против Норвешка.

Натпреварот ќе го води судијата Алехандро Хернандез од Фудбалската федерација на Шпанија.

Според објавената веста на интернет страницата на УЕФА, натпреварот што ќе се одигра на 27 март во сабота вечер на стадионот „Ла Росаледа“ во шпанскиот град Малага и ќе започне во 20:00 часот по турско време ќе го водат шпанскиот судија Алехандро Хернандез, а негови помошници ќе бидат Теодоро Собрино и Раул Кабанеро.

Четврти судија на натпреварот ќе биде Хозе Луис Мунуера.

 



Слични вести