Квалификации за Светскиот куп во Катар 2022: Турција утре вечер ќе игра против Холандија

Турција утре вечер во 20:00 часот по турско време во Истанбул ќе игра против Холандија, во рамките на квалификациите за Светскиот куп во Катар ФИФА 2022

1606976
Квалификации за Светскиот куп во Катар 2022: Турција утре вечер ќе игра против Холандија

Турската фудбалска репрезентација во првиот натпревар во Групата „Г“ за квалификациите за Светскиот куп во Катар ФИФА 2022 утре вечер (24 март, среда) ќе игра против Холандија.

Ова ќе биде 13-от по ред натпревар што ќе се одигра помеѓу двете земји.

Првиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на двете земји е одигран во 1958 година, додека од досегашните одиграни 12 натпревари 3 пати победи Турција, 5 пати Холандија, а 4 натпревари завршија нерешено. 

На сиве овие одиграни натпревари Турција постигна 9 голови, а Холандија одговори со 13 голови.

Утрешниот натпревар помеѓу Турција и Холандија ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, ќе започне во 20:00 часот по турско време, а ќе го води англискиот судија Мајкл Оливер.



Слични вести