Турските борачи освоија три медали на 24. Меѓународен турнир во борење „Outstanding“ во Украина

Турскиот борач во слободен стил Сулејман карадениз освои златен медал, Сонер Демирташ исто така во слободен стил освои сребрен медал и Керем Камал во грчко-римски стил освои сребрен

1592179
Турските борачи освоија три медали на 24. Меѓународен турнир во борење „Outstanding“ во Украина

На 24. Меѓународен турнир во борење „Outstanding“ којшто се одржува од 26 до 28 февруари во главниот град на Украина, Киев, (XXIV OUTSTANDING UKRAINIAN WRESTLERS AND COACHES MEMORIAL) турските борачи освоија три медали, од кои еден златен и два сребрени.

Турскиот борач во слободен стил Сулејман карадениз освои златен медал, Сонер Демирташ исто така во слободен стил освои сребрен медал и Керем Камал во грчко-римски стил освои сребрен.

Турскиот борач репрезентативец европски шампион Сулејман Карадениз во финалето во категоријата до 97 килограми излезе на меч против украинскиот корач Валерии Андриитсев.

Мечот заврши нерешено 1:1 по што Сулејман Карадениз се стекна со предност и освои златен медал.

Еден друг турски борач Сонер Демирташ во слободен стил во категирјата до 74 килограми излезе на финалето против иранскиот борач Мохамед Фироузпурбаден и на крајот на мечот на кој се водеше жестока борба изгуби со 2:1 и освојувајќи го второто место се закити со сребрен медал.

Турскиот борач во грчко-римски стил кој се натпреваруваше во една категорија погоре, во финалниот меч во категоријата до 63 килограми изгуби од грузискиот борач европски шампион Лери Абуладзе со резултат од 4:3 и освојувајќи го второто место се закити со среберен медал. 

 



Слични вести