Турција го загарантира учеството на Европското првенство во кошарка за мажи 2022

По извојуваната победа на Холандија над Хрватска со резултат од 65:57, Турција се пласира меѓу првите три репрезентации и го загарантира учеството на Европското кошаркарско првенство за мажи 2022

1587545
Турција го загарантира учеството на Европското првенство во кошарка за мажи 2022

Машката кошаркарска репрезентација на Турција по извојуваната победа на Холандија над Хрватска со резултат од 65:57 се пласира меѓу првите три репрезентации и се стекна со право за учество на Европското кошаркарско првенство 2022.

На одиграниот петти натпревар во Групата „Д“ од квалификациите за Европското првенство ФИБА 2022, Холандија ја порази Хрватска со резултат од 65:57.

На тој начин Турција го загарантира своето место меѓу првите три репрезентации во квалификационата Група „Д“ и се стекна со право за учество на Европското кошаркарско првенство за мажи 2022. 

Воедно и Холандија со оваа нејзина трета извојувана победа на квалификациите исто како и Хрватска и Турција го загарантира учеството на првенството. 

Шведска пак, се пласира на последното место во групата и ја изгуби шансата за учество на првенството.

Турската кошаркарска репрезентација својот последен натпревар во Групата „Д“ ќе го одигра против Хрватска на 22 февруари во понеделник вечер, во 20:00 часот по турско време.

Во вториот натпревар во групата исто така на 22 февруари во понеделник во 17:00 часот по турско време ќе играат Шведска и Холандија.

Во меѓувреме, потпретседателот Фуат Октај во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Од се срце и честитам на нашата машка кошаркарска репрезентација која се секна со право за учество на Европското првенство.“

Министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу исто така и честита на машката кошаркарска репрезентација која се стекна со право за учество на Европското првенство ФИБА 2022

Од друга страна, и претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Од сѐ срце и честитам на нашата машка кошаркарска репрезентација која по покажаниот успех на квалификациите за Евробаскет 2022 се стекна со право за учество на Европското првенство. Ѝ посакувам успех на првенството.“

 



Слични вести