Турскиот судија Џунејт Чакир избран за втор најдобар судија на 21. век

Турскиот судија Џунејт Чакир од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) е избран за втор најдобар судија на 21. век

1585126
Турскиот судија Џунејт Чакир избран за втор најдобар судија на 21. век

Турскиот судија на ФИФА Џунејт Чакир е избран за втор најдобар судија на на 21. век.

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го соопшти списокот на најдобрите судии во периодот 2001-2020 година.

На списокот подготвен на база на најдобрите коишто се избираат секоја година од страна на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) со гласовите на жирито, германскиот судија Феликс Брих со добиени 141 поен е избран за најдобар судија.

Турскиот судија Џунејт Чакир се наоѓа на второто место со добиени 140 поени, само еден поен помалку, а на третото место е англискиот судија Хауард Веб со 137 поени.

Италијанскиот судија Пјерлуиџи Колина кој во периодот 1998-2003 година 6 пати по ред беше избран за најдобар судија, со добиени 94 поени се наоѓа на 11. место на списокот.

Еве ги првите 10 најдобри судии на списокот:

1. Феликс Брих (Германија) 141 поен

2. Џунејт Чакир (Турција) 140

3. Хауард Веб (Велика Британија) 137

4. Маркус Мерк (Германија) 135

5. Бјорн Куиперс (Холандија) 133

6. Никола Рицоли (Италија) 121

7. Оскар Џулијан Руиз (Колумбија) 104

8. Масимо Бусака (Швајцарија) 96

9. Хорхе Луис Ларионда (Уругвај) 96

10. Љубош Мичел (Словачка) 96

 



Слични вести