Турција се избори за учество на Европското кошаркарско првенство за жени ФИБА 2021

Турција се стекна со право на учество на Европското кошаркарско првенство за жени ФИБА 2021 кое ќе се одржи од 17 до 27 јуни 2021 година и чиј домаќин ќе бидат Шпанија и Франција

1578663
Турција се избори за учество на Европското кошаркарско првенство за жени ФИБА 2021

Турција се избори за учество на Европското кошаркарско првенство за жени ФИБА 2021. 

Во објавеното соопштение од Турската кошаркарска федерација (ТБФ или TBF) се истакнува дека турската женска кошаркарска репрезентација која квалификациите за Европското кошаркарско првенство ФИБА 2021 во Групата "Е" по одиграните натпревари во другите групи го загарантира учеството на финалните натпревари на турнирот.

Турција во својата група ја победи Литванија со резултат од 74:51 и 67:55, а изгуби од Србија со 59:56 и 83:76, со што се пласира меѓу најдобрите второ пласирани репрезентации во петте групи и го доби билетот за учество на финалните натпревари. 

Европското кошсркарско првенство за жени ФИБА 2021 чиј домаќин ќе бидат Шпанија и Франција, ќе се одржи од 17 до 27 јуни оваа година.

Од друга страна, потпретседателот Фуат Октај и честита на турската женска кошаркарска репрезентација која се стекна со право за учество на Европското кошаркарско првенство за жени ФИБА 2021.

Октај во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Од сѐ срце и честитам на нашата женска кошаркарска репрезентација која се стекна со право на учество на Европското првенство 2021."

 



Слични вести