Месут Озил пристигна во Истанбул за трансферот во Фенербахче: И за мене се остварува еден сон

Германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил со специјален авион пристигна на аеродромот Ататурк во Истанбул за трансферот во фудбалската екипа на Фебербахче

1565500
Месут Озил пристигна во Истанбул за трансферот во Фенербахче: И за мене се остварува еден сон
mesut özil 3.jpg
mesut özil 1.jpg
mesut özil 2.jpg
mesut özil 6.jpg
mesut özil 7.jpg
mesut özil 8.jpg

Месут Озил кој неколку денови како се чека со нетрпение од страна на навивачите на фудбалскиот клуб Фенербахче, конечно пристигна во Истанбул.

Германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил со специјален авион пристигна на аеродромот Ататурк во Истанбул.

Озил во Истанбул допатува од Англија заедно со своето семејство и на аеродромот беше пречекан од страна на надлежни на фудбалскиот клуб Фенербахче.

Инаку, претходно Фенербахче ја извести берзата дека се започнати разговорите за трансфер на Месут Озил.

Месут Озил исто така претходно го изјави следното: „Многу сум возбуден. Бидејќи, јас секогаш навивав за Фенербахче. Не само за Фенербахче, тоа и за мене претставува сон којшто се остварува. Чекам да го облечам дресот, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) се надевам дека ќе бидеме успешни со моите другари од екипата. Од возбуда не можам да кажам ништо друго... Иншаллах се ќе биде убаво, нека е аирлија.“



Слични вести