Северна Македонија ја победи Турција и се пласира на Европското првенство во одбојка 2021

Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија за мажи синоќа ја победи Турција со 3:1 во сетови и со извојувани 3 победи и 1 пораз се пласира на Европското првенство во одбојка што ќе се одржи во Финска, Естонија, Полска и Чешка

1565169
Северна Македонија ја победи Турција и се пласира на Европското првенство во одбојка 2021

Машката одбојкарската репрезентација на Република Северна Македонија со победа против репрезентацијата на Турција 3:1 во сетови, во квалификацискиот реванш меч во спорскиот центар Борис Трајковски во Скопје, се пласираше на Европското одбојкарско првенство 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска.

На шесттиот ден од квалификацискиот турнир, репрезентација на Северна Македонија ја победи Турција со 3:1 во сетови. Со ова Северна Македонија по втор пат во историјата се пласираше на Европско првенство.

Одбојкарите на Северна Македонија, првиот сет кој траеше 25 минути го добија со резултат од 25:9.

Одбојкарите на Турција го израмнија резултатот во вториот сет кој траеше 25 минути, со резултат 21: 25.

Третиот сет го доби репрезентацијата на Северна Македонија со резултат 25:23. Овој сет траеше 28 минути.

Четвртиот сет исто така го добија одбојкарите на Северна Македонија со резултат 25:18, а овој сет траеше 26 минути.

Инаку, со претходните победи во квалификациските натпревари Турција е веќе пласирана на ЕП 2021 и е прва во групата „Ц".

Во квалификациските натпревари кои во Скопје се играа од 11 до 16 јануари во групата „Ц" се натпреваруваа репрезентациите на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести