Одложени етапите на Формула 1 во Австралија и Кина

Сезоната 2021 на Светското првенство во Формула 1 се планира да започне со трката Гран при на Бахреин

1562192
Одложени етапите на Формула 1 во Австралија и Кина

 

Отворањето на Светскиот шампионат во Формула 1 на сезоната 2021 на етапите Во Австралија и Кина беа одложени поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Во соопштението објавено од организацијата беше наведено дека првата трка на новата сезона во Австралија планирана за 21 март и третата трка во Кина поради епидемијата се одложени за подоцна.

По долга пауза, раководството на Формула 1 соопшти дека пистата Имола во Италија која минатата година беше домаќин на реорганизацијата, во 2021 година повторно ќе биде вклучена во календарот за трки.

Сезоната 2021 на Светското првенство во Формула 1 се планира да започне со трката Гран при на Бахреин, што ќе се одржи на 28 март.

Ажурираниот нацрт распоред на Светскиот шампионат во Формула 1 во 2021 година е следен:

28 март: Гран при на Бахреин

18 април: Гран при на Италија (Имола)

2 мај: Подоцна ќе се утврди

9 мај: Гран при на Шпанија

23 мај: Гран при на Монако

6 јуни: Гран при на Азербејџан

13 јуни: Гран при на Канада

27 јуни: Гран при на Франција

4 јули: Гран при на Австрија

18 јули: Гран при на Велика Британија

1 август: Гран при на Унгарија

29 август: Гран при на Белгија

5 септември: Гран при на Холандија

12 септември: Гран при на Италија (Монца)

26 септември: Гран при на Русија

3 октомври: Гран при на Сингапур

10 октомври: Гран при на Јапонија

24 октомври: Гран при на САД

31 октомври: Гран при на Мексико

7 ноември - Гран при на Бразил

21 ноември: Гран при на Австралија

5 декември: Гран при на Саудиска Арабија

12 декември: Гран при на Абу Даби



Слични вести